Зошто секојдневно треба да јадете ф’стаци?

Освен тоа што се превкусни, ф`стаците се и мошне корисни за нашето тело. Го намалуваат холестеролот, го подобруваат кардиоваскуларното здравје и метаболизмот, а воедно и го забавуваат стареењето.

Доколку досега ретко консумиравте ф`стаци следат неколку добри причини поради кои уште од утре тие треба да станат дел од вашата исхрана.

1.Фстаците содржат моќен антиоксиданс, лутеин. Истиот го намалува таложењето на масти и создавањето на воспаленија, а консумацијата на ф`стаци во период од неколку дена го намалува холестеролот за 20 проценти.

2.Го регулираат притисокот и го чуваат срцето. Научните студии покажуваат дека редовната консумација го поправа здравјето на срцето и го спречува настанувањето на срцеви заболувања. Освен тоа одлични се и за регулирање на крвниот притисок.

3. Богати се со влакна и ја подобруваат дигестивната функција на организмот. Само 10 грама ф`стаци се доволни за да се обезбеди дневната доза на влакна.

4. Една шолја ф`стаци содржи 60 проценти од препорачаната дневна доза фосфор. Тој ја стимулира толеранцијата на глукоза и важен е за разградувањето на протеините на аминокиселини.

5. Ако се консумираат секој ден може да ја зголемат сексуалната моќ на мажите и до 51 процент благодарение на есенцијалните масни киселини кои ги стимулираат сексуалните хормони и го зголемуваат протокот на крв во гениталиите

6. Ф`стаците се богати со големо количество на железо, калиум, фосфор, магнезиум и витамин B6. Во нив може да се најдат повеќе од 30 витамини и минерали.

7. Оние кои сакаат да го забават процесот на стареење би требало да внесуваат од 5 до 10 ф`стаци секој ден. Тие претставуваат природен ботокс поради тоа што во себе содржат најразлични антиоксиданси.

фстаци

Како треба да ги консумирате?

За да не претерате со консумацијата, секогаш купувајте ф`стаци во лушпа. На овој начин ќе знаете точно колку сте изеле по бројот на лушпите кои сте ги фрлиле.

Барајте ф`стаци кои се печени без сол за да искористите што е можно повеќе од нивната нутритивна вредност. Можете да ги наросите врз житариците или пак да ги комбинирате со јогурт. Ставате ги во лебот и мафините кои што ги приготвувате или пак додадете ги на печеното месо и риба. Исто така можете да ги консумирате и во салата.