Би живееле ли во одводна цевка? Решение за станбената криза во Хонг Конг (ВИДЕО)

Хонг Конг е толку скап за градење, така што е речиси незамисливо некој со просечна заработувачка да купи стан во овој кинески град.

Поради тоа, група архитекти се досетиле да градат куќички што се протегаат на површина од едвај десет квадратни метри. Интересно е што тие се изработени од бетонски водоводни цевки.

Џејмс Лао, еден од хонгконшките архитекти, смета дека овие микро-домови би можеле да ја ублажат станбената криза во градот, оти нивниот ентериер ги има сите погодности на современиот дом.

Парчињата водоводни и одводни цевки може да се сместат меѓу згради, на напуштени бродоградилишта или до самите автопатишта.