Во Русија мртви птици паѓаат од небото

На руските социјални мрежи, корисниците споделуваат видеа на кои се гледа како десетици мртви птици паѓаат од небото и лежат на улиците на градот Балаково, каде што се наоѓа нуклеарната централа.

Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа VK, на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва и близу кој се наоѓа голема нуклеарна централа, пренесува РТ.

Во коментарите под сликите, локалното население навело бројни теории за тоа штоможе да предизвика масовна смрт на птиците.

Додека некои укажуваа на природни феномени, како што се силни ветрови или судир на две стада, други обвинија за огномет, загадување, па дури и за мрежата 5G, иако сеуште не постои во Русија.

Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека хит ТВ-серијата на мрежата на ХБО „Чернобил“, чија тема е нуклеарниот инцидент од осумдесеттите, започнува со умирање на сите птици.

Ветеринарниот оддел на Саратов објави дека ја истражува причината за овој инцидент, додека се појавуваат теории дека може да станува збор за птичји грип.

Некои корисници на социјални мрежи, сепак, не им веруваат на експертите од Саратов и покануваат експерти од Москва да дојдат во Балаково за да утврдат за што станува збор.