Австриската пошта отпечати марка што сведочи за пандемијата – изработена е од тоалетна хартија

Пандемијата на Ковид-19 ја инспирира австриската пошта да изработи поштенска марка од тоалетна хартија. Поштенската служба во Австрија соопшти дека идејата за трослојна марка ја добила оваа година, кога хигиенските производи станаа симболи за карантин и панично пазарење.

Меѓутоа, биле потребни неколку месеци да се оствари идејата.

„Тоалетната хартија долго беше распродадена и тешко можеше да се набави во доволна количина, наведува државната поштенска служба.“

Марката прикажува бебе слон, животно кое во Австрија се користи како симбол за растојание од еден метар, растојанието кое луѓето би требало да го одржуваат едни од други за да избегнат зараување со вирусот корона.

Марката може да се купи по цена од 5,5 евра бидејќи поштенската служба донира половина од продажбата за луѓето кои се тешко погодени од пандемијата.