Состојки:
- 7-8 главици лук (околу 400 гр)
- 5 дл бистар сок од јаболки
- 2 дл јаболков оцет
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер во зрно
- 2 листа ловоров лист
- 2-3 гранчиња рузмарин
- мајчина душица, жалфија (по избор)
- кора од половина лимон
- 2 лажици шеќер
Подготовка:
Лукот се раздвојува на чешниња и се прелива со врела вода, да стои 2 мин. Потоа водата се цеди и се лупи лукот.
Во едно тенџере се ставаат сите состојки освен лукот и се оставаат да вријат 5 минути. Во друго тенџере се бланшира лукот, треба да врие 2-3 минути.
Бланшираниот лук се цеди од водата во која вриел и се додава во тенџерето со маринадата. Се вари уште 3 минути.
Тенџерето се трга од оган и содржината се пресипува во стерилизирани тегли, загреани во рерна. Теглите веднаш добро се затвораат, се завиткуваат во подебела крпа и се оставаат постепено да се изладат.
Маринираниот лук може да се јаде по 1 недела.
Затворените тегли можат да стојат и до една година, а кога ќе се отворат, се чуваат во фрижидер 3-4 недели.