Напиток од цимет и мед ќе ви помогне брзо да се ослободите од вишокот на килограми и тоа на здрав начин.
Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, кој предизвикува зголемување на нивото на инсулин.
Инсулинот е одговорен за таложење на масни наслаги.
Медот е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за организмот.
Рецептот за подготовка на напитокот е едноставен. Зовријте 2 дл вода и ставете половина лажица цимет, поклопете го садот и оставете да отстои половина час. Потоа додајте лажица мед и промешајте.
Напитокот поделете го на два подеднакви делови, првиот испијте го навечер пред спиење, а другиот оставете го во фрижидер преку ноќ и испијте го наутро, на празен стомак.
Оваа комбинација можете да ја пиете неограничено долго, затоа што не остава никакви штетни последици, но оние кои го пробале велат дека ефектите се видливи после една недела.