За седум дена до витко тело

Лесната исхрана базирана на течности го ослободува организмот од насобраните отрови.

Поради тоа краткиот пост и комплетното откажување од цврстата храна е идеалното решение за вас.

Ако на одредено време свесно се откажете од цврстата храна, вашето тело има шанси да се ослободи од отровите.

Органите за варење нема да бидат оптоварени за разградување на материјалот, па ќе се насочат кон насобраните масти во организмот.

Телото ќе го пренасочи својот енергетски програм на исхрана кој се наоѓа во организмот и тогаш ќе ги разгради резервните масти.

НАПРАВЕТЕ ПЛАН

Овој режим на исхрана трае само седум дена, но на телото му е потребна соодветна подготовка.

ПРВ ДЕН:Релаксирање на телото

Појадок: Веднаш штом ќе се разбудите испијте чаша млака вода за да го стартувате варењето.

Доручек: Свежа овошна салата со една исецкана јаболка, едно киви и еден портокал. Измешајте и 150 гр ниско калоричен јогурт  со мед и додадете го на салатата.

Ужина: Само доколку сте гладни. Тогаш напијте се овошен сок.

Ручек и вечера: Пред ручекот и вечерата обавезно испијте барем две чаши вода. Јадете динстан зеленчук или печен компир со сирење.

На овој начин вашиот организамот ќе добие храна која полесно се вари со многу течности. Ова е подготовка за исфрлање на отровите од организмот.

ОД ВТОРИОТ ДО ПЕТИОТ ДЕН

Од вториот ден заборавате на цврстата храна во наредните 4 дена. За време на овие три дена цревата потполно ќе се испразнат.

Кога ќе станете испијте 1/4  литри вода со една лажица морска сол. По ова е многу важно следните два часа да бидете во близина на тоалет.

Од вториот до петиот ден важи следниот план на исхрана:

Појадок: Кога ќе станете испијте млака вода со кратки голтки. После туширањето испијте две чаши билен чај, најдобро од рузмарин, бидејќи го подобрува метаболизмот.

Ручек: За ручек изедете посна супа. По ручекот испијте две чаши билен чај.

Вечера: Повторно супа, а пред спиење чај од нане.

ШЕСТИОТ И СЕДМИОТ ДЕН

Органите за варење мораат повторно да се навикнат на цврста храна. Сепак немојте да јадете големи порции и џвакајте пополека.

Во секој оброк уживајте и јадете го полека. Следните два дена храната ќе има многу подобар и поинтензивен вкус.

Појадок: Кога ќе станете испијте чаша млака вода со половина цеден лимон. Исечете една јаболка и пополека јадете.

Ручек: Посна супа

Вториот ден можете да јадете 150 гр варен компир со зачини по ваш избор.

Ужина: Парчето тост намачкајте го со крем сирење, ставете зачин, пиперка или домат.

Вечера: Подгответе пире од 150 гр компири, ставете една лажица млеко и исто толку супа од зеленчук.

Вториот ден изедете посна супа подготвена со 150 гр моркови и 30 гр тестенини.