Коментаторите на Македонската радио телевизија се погрижија фановите пред малите екрани да го почувствуваат амбиентот на празната „Динамо Арена“ и исто како и актерите на тренерот, бурно го поздравија последниот судиски свиреж.
Тони Стојановски и Горан Стерјов „полудеа“ по завршувањето на мечот и со емотивна реакција го прославија триумфот.
30 години нашата нација чекаше на ваков фудбалски подвиг, па реакцијата, славјето и радоста на сите во Македонија е сосема оправдана и очекувана.