Возачи внимавајте, оваа мерка веќе стапи во сила!

Стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15 март 2021 година.

Доколку немате зимска опрема, а ве сопре полиција може да заработите казна, но можете да бидете исклучени и од сообраќај.

За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Еве што ви е потребно

За мотоните возила со тежина која не надминува 3 500 кг во зимска опрема влегува:

– зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 4 милиметри

– гуми со летен профил на сите тркала со најмалку 4 милиметри длабочина по слојот што гази, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) потребни се

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:

-зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.

-пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.