Зошто кај некои луѓе вториот прст на нозете е подолг од палецот?

Мортон – или долг втор ножен прст е прилично честа појава – од помалку од 3%, преку третина од општата популација, па се до дури 90% во некои популации. Се верува дека оваа појава е наследна.

Мортон ножниот прст прв пат е опишан како медицинска состојба во 1927 година во текст на ортопедскиот хирург Дадли Џој Мортон.

Тој објаснил дека тоа всушност не доаѓа од должината на прстот, туку од кратката прва метатарзална коска која ги спојува палецот на главниот дел од стапалото.

Таквата состоја може да ја префрли тежината на втората метатарзална коска која може да предизвика болка и коскено – мускулни проблеми.

Хируршката интервенција понекогаш делува, но сепак е подобро да му осигурате на стапалото правилна потпора.

Некогаш се сметало дека ваквиот облик на стапало т.н грчко стапало, е најдобриот облик, поубав од египедскиот каде најголемиот е палецот, а останатите прсти се пократки.

Многу грчки статуи имаат токму вакви стапала, а и Кипот на слободата може да се пофали со подолг втор ножен прст.