Зошто за време на полетувањето на авионите, ролетните мора да бидат подигнати?

Одговорот е многу едноставен и логичен! А сигурно не го знаевте!

Питер Гибсон, задолжен за комуникација со медиумите за цивилната авијација во Австралија, објаснил зошто пред полетување мора да ролетните на прозорите да бидат подигнати.

„Простиот одговор е – поради безбедност. Во случај на итна ситуација, екипажот мора да одлучи која страна од авионот ќе се искористи за евакуација на патниците, а прозорите им помагаат брзо да ја донесат таа одлука“.

Гибсон исто така изјавил дека овие мерки се користат на сите комерцијални летови и се однесуваат на сите големи авиони.