Мини тако – празник за очи

Состојки за 4 лица:

500 г. мелено месо

100 г. варена пченка

3 големи тортиљи

200 г. рендан кашкавал

1 дл. павлака

2 лажици сецкан магдонос

пола лажичка ким

половина лажичка мајчина душичка

4 лажици масло

сол и бибер.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото. Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го. На секоја тортиља исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете. Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото. Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки.

Добар апетит!