Месено – зелник со јогурт

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1дл. јогурт
  • 500гр. спанаќ
  • 600гр. брашно
  • 1/4 лажица сув квасец
  • 3 лажици презла
  • 2дл. масло
  • сол

Подготовка:

Спанаќот (можете и зелје и коприви) добро измијте го и исчистете го од дршките. Посолете го и оставете го 25 минути да пушти сок. Во 4 дл. млака вода додајте го сувиот квасец и замесете тесто од брашно, малку сол и лажица масло. Замесете тесто, поделете го на три дела и секој дел на уште три делчиња. Малку растегнете го, премачкајте го со масло и припоете по три дела од целото тесто. Оставте го на топло околу 25 минути. Спанаќот процедете го, додајте јогурт, јајца и презли и смесата добро измешајте ја и по потреба посолете ја. Уклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. На чиста платнена крпа развлечете три кори (една по една) па секоја попрскајте ја со масло и додајте и’ фил со спанаќ. Завиткајте ја кората, а потоа од неа обликувајте спирала и ставете ја на подмачканата тава за печење. Истото направете го и со останатите кори. Печете 20 минути на 200 степени. Потоа извадете ја од рерна, попрскајте ја со вода и оставете ја да здивне. По 15 минути, исечете ја и послужете ја со јогурт.

На здравје!

Зелник