Неверојатно упорен: На возачки тестови паднал 107 пати

Неименувано 28-годишно момче од Лондон постави нов рекорд во паѓање на писмениот дел од возачкиот испит.

Несреќникот паднал дури 107 пати, но не се откажува од намерата да вози.

Секое полагање на писмениот дел од возачкиот испит во Велика Британија чини 35 евра, па овој „јунак“ досега потрошил 3.830 фунти, пишува Дејли Меил.

„Ова е необично висок број обиди, но важно е да се запомни дека секој учи со свое темпо. Неговата одлучност да ги помине тестовите покажува колку им е важно на луѓето да научат да возат“, вели еден од инструкторите.