Овде природата победи: Градот на духовите во Русија е вистинска атракција за туристите (ВИДЕО)

Акармара е град кој едвај може да се примети од воздух.

Градот е напуштен уште од 1990 тите години кога жителите побегнале поради Грузиско-Абхазиската војна, па природата го сторила своето.
Зградите се напуштени, целиот град е обраснат во дрвја, ги има дури и на крововите.

Овде некогаш живееле над 5000 луѓе, но денес овој град наликува на град на духови.

Сепак и покрај неприликите низ годините, во Акармара денес живеат 35 жители кои во летниот период често ги шетаат туристите низ градот и ја прераскажуваат неговата историја.

Се организираат забави на кои присуствуваат жителите и туристите.