Не излегувате добро на фотографиите, а сакате да имате некоја убава фотка која сакате да ја споделите на социјалните мрежи?
Прочитајте кои правила треба да ги почитувате.
– Ако ги фотографирате пријателите кои се излежуваат на лежалка или вашето момче/девојка како плива со синото море не заборавајте да го вклучите блицот. Тој ќе ги избрише сенките на лицето и под очите, особено ако носат капа, шешир или очила за сонце. Кога фотографирате, немојте премногу да ги сумирате луѓето за да фатите и дел од волшебниот амбиент. Зумирањето го намалува квалитетот на сликата.
– Пред да почнете да сликате изберете одреден објект и фокусирајте се на него, на се друго што е непотребно не обрнувајте внимание. Фотографиите се најдобри ако знаеме што точно сакате да фокусирате.
– Сакате да фатите најдобар кадар? Приближете се кон оној кој сакате да го фотографирате, без разлика дали зумирате или се качувате на повисока позиција или сликате од „жабја перспектива“.
– Ако сакате да овековечите нечие лице меѓу многу лица, вклучете ја обцијата фокусирање на лице. На тој начин ќе го издвоите само она што ве интересира, додека останатите луѓе или згради ќе се стопат во позадина.
– Ако сакате да ја избегнете статичноста на фотографијата, она што го фотографирате не го сместувајте на средината на рамката. Дрќете се до правилата за третина и кога фотографирате луѓе или природа.
– Пазете на позадината и елементите кои го намалуваат доживувањето како што се кабли на зградите. Само внимавајте позадината да не ви преовладува.
– Насоката на светлото и начинот на кое тоа се одразува на нечие лице или прозор на зграда особено се важни при фотографирање. Ако забележите дека паѓа под кос агол, поместете се или речете му на оној кој го фотографирате да се премести. Светлото, вештачко или од сонцето ја „подигнува“ секоја композиција ако се искористи на вистинскиот начин.