Кучињата не се волци – не ловат и не напаѓаат луѓе.
Тие воглавно напаѓаат од страв, нервоза или за да ја заштитат својата територија. Тоа не значи дека кон нив треба да се однесувате како што сакате- не ги провоцирајте и не ги напаѓајте први.
Најдоброто нешто што можете да го направите кога се сомневате дека кучето сака да ве нападне, е едноставно да не минувате крај него. Дури и ако почне да лае, обидете се мирно да го заобиколите.
Кучиња кои ве предизвикуваат најдобро е да ги избегнувате. Многу експерти исто така мислат дека не е паметно да го гледате кучето право во очи.
Никако немојте да трчате, бидејќи тоа ќе го активира ловечкиот инстинкт на кучето. Штом забележи нешто друго што му е интересно, кучето ќе го тргне вниманието од вас.
Ако кучето ве нападне, најважно е да ги заштитите прстите, рацете и вратот. Гризнувања зад ногата под колено не се опасни, но ако ве касне над коленото, може да искрварите. Во случај кучето да ве гризне, немојте да се оттргнете, така само ќе ја раширите раната.
Чадор или било каков сличен предмет е многу пожелен во случаи со агресивни кучиња – не за удирање, туку како граница меѓу вас и кучето, и исто така ќе послужи како нешто што животното ќе го нападне, пред да ве нападне вас. Наместо чадор, добар е било кој предмет кој можете да го поставите меѓу вас и кучето.
Некои експерти сметаат дека е добар трик да го отворите чадорот и да го ставите пред кучето, кое ќе го види чадорот како преголема пречка па ќе ве остави на мира.
Кое сценарио и да ви се случи, најважен совет е да останете смирени.