Совети за убавина од жените ширум светот

Жените ширум светот користат традиционални трикови за убавина кои им помагаат да го одржат својот изглед.

Поголемиот дел од жените најчесто користат маслиново масло и мед, но понекогаш е добро да се позајмат трикови од жените од другите земји.

Еве ги најинтересните и најпрактичните совети за убавина кои потекнуваат од разни делови на светот.

Бразилски антицелулитен третман

Бразилките на колковите тријат песок, а потоа го измиваат во морето. Освен што е добар антицелулитен третман, тоа е и добар пилинг за целото тело.

Норвешка нега на лицето

Жените од северот се познати по својата неверојатна кожа. Норвежанките се мијат со ладна минерална вода за која велат дека совршено ја хидрира кожата.

Италијански рецепт за нежни усни

Прекрасните италијанки своите усни ги мачкаат со маслиново масло, кое е одлично против сувата кожа и иритацијата. Само некоку капки се доволни за усните да бидат нахранети и нежни.

Јапонска тајна за убавина

Јапонките својата убава кожа, квалитетна коса и цврстите нокти ги добиваат од маслото од Камелии. Тоа делува против брчките, изгорениците, ја храни кожата и ги зацврстува ноктите.

Индијска тајна за убава коса

Индијките се познати по својата густа и квалитетна коса. Нивниот рецепт за одржување на прекрасната коса е кокосовото масло, кое еднаш неделно го загреваат и го нанесуваат на главата и го оставаат да делува преку ноќта.

Шпански рецепт против подочници

Шпанките на своите уморни очи ставаат тенко исечени тркалца од домат. Овој плод ја осветлува кожата и на тој начин ги отстранува темните подочници.

Кинески anti-age третман

Жените во Кина својата младост ја одржуваат одвнатре, пиејки голема количина на бел чај кој делува против  стареење и дава сјаен изглед на кожата.

Австралиски рецепт против првут

Австралискиот стар рецепт против првут советува во шампонот кој го користите да додадете масло од чајно дрво или еукалиптус. Доволно се само неколку капки за да се ослободите од првутот.