Машината за перење алишта – расадник на бактерии ако не го правите ова

Доколку не се користат правилно машините за перење на облеката, можат да бидат вистински магнет за бактерии и мувла, предупредуваат германските лекари.

По отстранувањето на испраната облека од машините, повеќето корисници ја затвораат вратата и садот за дозирање на прашокот за перење, а тоа е погрешно порачуваат експертите.

Имено, во машините за перење секогаш останува малку вода, а онаму каде што има влага, се создаваат добри услови за микробите.

Оттаму, се препорачува вратата да биде оставена отворена, како и садот за дозирањето на прашокот, за да се исушат на воздух.

Пожелно е повремено да се извлече садот за детергент, за да се прегледа каналот за водата кој е зад неа.