Боите се апсолутен хит на интернет.
Се работи за тест кој ја покажува вистинската слика за вашите рецептори.
Диана Дервал, стручњак за неуромаркетинг, објави фотографија од главните бои од видливиот спектар и неколку нивни нијанси. На посетителите на нејзиниот профил им дала задача да пребројат колку бои гледаат.
Дервал објаснила дека тој број зависи од количината и распределбата на рецепторите во боите во окото, а кај поголемиот дел од луѓето тој број се движи од два до четири.
Погледнете ја фотографијата и бројте! А потоа погледнете ги резултатите.

Ако изброивте помалку од 20 бои, спаѓате во дихромати, а тоа е приближно 25% од светската популација и имаат само два вида на рецептори за боја.
Покрај овие карактеристики за видот, оваа група ќе ја препознаете и по тоа што најчесто носат црна и бела, беж и сина облека.
Ако гледате од 20 до 33 бои, вие сте трихимат и вашето око има три видови на рецептори за бои. Оваа особина ве вбројува во 50% од светската популација.
Доколку вашиот резултат е од 33 до 39 бои, кој е точен број на сликата, вие сте терахромат и со тоа спаѓате во оној преостанат дел на светската популација. Вас веројатно ве иритира жолтата воја, па во популарниот тест за фустанот видовте сино-црна комбинација.
Ако гледате повеќе бои од постоечките и мониторот може да биде виновник, односно неговиот лош квалитет.
