Нови банкомати без картички, работат со препознавање на лицето

Живееме во време каде што книжните пари полека но сигурно ги менуваме со електронско плаќање преку нашите картички, компјутери и мобилни телефони.

Прашање на време е кога повеќе нема д ви требаат книжни банкноти, а наскоро можеби нема да ви е потребна и картичка.

Во Сингапур за прв пат се поставени тест банкоматите за кои нема да е потребна картичка туку ќе работат на нова технологија со препознавање на лицето.

Таквите банкомати веќе се користат во светот, а пионер е Кина, каде пред шест години беше поставен банкомат со поддршка за препознавање на лице како метод за верификација на корисникот, а истата технологија ја користеше Шпанска банка во 2019 година. Дека на банкоматите картиците може да се заменат со биометрија веруваат и ОЦБЦ банка во Сингапур, и оваа банка неодамна ги постави првите банкомати за кои на корисниците не им требаат банкарски картички, туку е имплементирана технологија за препознавање лице. Банкоматите доаѓаат со безбедносни опции кои спречуваат измама и употреба на фотографии, видеа или маски за автентикација. Сè што треба да сторат корисниците е да го внесат својот единствен идентификациски број и да застанат пред камерата која поддржува технологија за препознавање лице.

На почетокот, банката сепак ќе нуди ограничена услуга, така што корисниците кои ќе се најават на банкомат со поглед, без картичка, ќе можат да го гледаат само салдото на сметката. Доколку нема проблеми за одреден период, ОЦБЦ банка ќе обезбеди нови опции како што е повлекување готовина од банкоматите. Најчесто, за овие две активности, проверка на состојбата на сметката и подигнување на готовина, се користат банкомати. Покрај тоа, со текот на времето, сингапурската банка има намера дополнително да ги прошири можностите за користење на банкоматите со имплементираната опција за препознавање лице, а преку нив може да се плаќаат кредитни картички, испраќање пари итн.

Како предност на овој начин на користење на банкоматите без картички, банката ја нагласува безбедноста, затоа што картичките можат да бидат украдени, односно измамниците би можеле да украдат информации за картичките и ПИН кодовите со поставување на специјални уреди на банкоматите, додека биометриската проверка би требало да биде посигурна.