Оризовата вода која останала по готвењето ја прави косата многу поубава и поздрава.
Жените од југоисточна Азија со векови ја користат оризовата вода како козметички третман.
Oвој третман се спомнува дури и во записи од пред нашата ера, кога Јапонките го користеле за нега на своите долги коси.
Во азиската култура се верува дека оризовата вода е одлична за косата затоа што содржи аминокиселини кои ја јакнат и хранат косата, како и иноситол – јаглехидрат што ја подобрува структурата на оштетената коса, притоа останувајќи во неа и делувајќи како штит против нови оштетувања.
Во оризовата вода без сомнение остануваат многу витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданси што се наоѓаат во самите зрна ориз па затоа и веднаш се забележува ефектот. Особено многу ја сакаат жените со кадрава коса бидејќи таа е посклона на сушење.
Оризовата вода за нега на косата се применува наместо регенератор, а за најдобар ефект треба да се држи околу 20 минути на косата пред да се измие.
