Користите премногу антибактериски гелови? Еве како да ја омекнете кожата на рацете!

Доколку и вие, како и поголемиот број на луѓе периодов заради честа употреба на антибактериски средства имате многу суви раце, советот кој ќе го споделиме со вас ќе ви биде многу корисен.

Се што ќе ви биде потрбно е:

– Шеќер и

– Маслиново масло

Во една рака ставете 1-2 лажици шеќер и еднаква количина маслиново масло па едноставно истријте ги рацете со оваа мешавина.

Со прстите масирајте ги дланките да ги отстраните сите мртви келии од кожата.

На крајот рацете измијте ги под голем притисок на вода. По пилингот нанесете хидратантен крем.

Пилингот правете го неколку пати неделно.