Перниците имаат „животен век“.
Доколку не се сеќавате кога последен пат сте ја смениле вашата и сакате да проверите дали е време за нова, пробајте го следниов тест:
Свиткајте ја перницата на половина, истиснувајќи го воздухот. Ако спонтано не се врати во првобитната, тоа е знак дека треба да се упатите кон продавницата и да набавите нова.
Во спротивно, освен ако не почуствувате макар и благ мирис на мувла, можете без грижи да ги користите перниците од 3 до 5 години. После тој период, тие започнуваат да ја губат еластичноста и поддршката за вашиот врат.
Перниците исто така апсорбираат и прав, мртви кожни клетки и микроскопски паразити, па не е лоша идеја да ги менувате на 1-2 години.
Кога ќе дојде време, внимателно изберете нова, во зависност од вашата омилена поза на спиење.