Кога во 1989-та година козметичарката на кралицата Елизабета 2 и го покажала овој лак за нокти, тој станал нејзиниот омилен.
Кралицата која денес има 95-година во последните неколку децении го користи само овој лак кој чини 20 долари и е во нежно розева боја.
„Од дворецот ни пристигна писмо во кое се бара само таа боја бидејќи на кралицата и се допаѓа. Од тогаш па до ден денес ние испраќаме годишна залиха од лакот и успешно соработуваме 20 години“, велат од производителот.