Направете преубав тепих од стари ќебиња (видео)

Замислете наутро да станете и да стапнете на тепих кој потсетува на камења од морските крајбрежја. Преубаво!

Па уште и ако сами сте си го направиле, чуството е навистина одлично.

Со малку труд, старо ќебе, игла и конец и вие можете да направите сличен тепих.

Најпрво исечете правоаголен облик во онаа големина во која сакате да биде тепихот, а тоа направете го од некој силен материјал.

Подгответе старо ќебе, кое во овој случај има шари кои потсетуват на морски камења. Исечете дел од ќебето со големина на рака, преклопете го и зашијте.

Ова шиење не мора да биде уредно, важно е да се добие фина топка. Слободно сечете различни големини на материјал и зашијте ги за подлогата.

Повторувајте ја оваа постапка се додека не го завршите тепихот.