Американскиот нутриционист Марк Хајман осмислил ултра лесна диета која ќе ви помогне да ги исфрлите токисните од организмот, да ги ублажите болките и воспалените процеси и за седум дена да изгубите од четири до седум килограми без одрекување од многу работи.
Во текот на денот имате пет оброци, три главни и две ужини.
Наутро и навечер задолжителен е „ултра шејкот“, за ручек „ултра супа“, а навечер топла „ултра купка“.
За шејкот потребни ви се банана, половина шоља бобичесто овошје, лажица путер од кикирики и две лажици ленено семе. Сето добро измиксајте во блендер.
Супата од зеленчук можете едноставно да ја направите така што ќе сварите барем седум видови на зеленчук, вклучително и лиснат зеленчук. Зачинете по вкус, исцедете и пијте во текот на денот.
Секоја вечер пред спиење уживајте во ултра купка. Во водата додајте мешавина од горчлива сол, сода бикарбона и есенцијално масло од лаванда. Тоа ќе ви помогне лесно да заспиете и да ги исфрлите токсините.
Пример за дневно јадење
Појадок: лимонада без шеќер и ултра шејк. Ужина: шоља ултра супа.
Ручек: две шољи зеленчук готвен на пареа, 100 грама пилешко филе, половина шоља интегрален ориз, ултра шејк. Ужина: ултра супа
Вечера: 170 грама риба зготвена на маслиново масло со лимонов сок, две шољи зеленчук готвен на пареа и ултра шејк.