Овие правила за клима уредот мора да ги почитувате

Летните денови во последниве неколку години се незамисливи без клима уред.

Но користење на клима уредите може да има и негативни последици кои е лесно да се избегнат ако почитувате некои основни правила.

Во спротвино може да заработите хронично воспаление на синуси, главоболка и вкочанети мускули.

Ова се неколкуте закони кои мора да се почитуваат при користење клима уреди.

1.Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температра не смее да биде преголема, поточно разликата треба да биде од 7 до 10 степени пониска од надвор.Во спротивно може да дојде до шок на организмот кога ќе биде надвор. Долготрајното излагање на ладно го пореметува и метаболизмот.

2. Најздрав начин за престој е просторијата прво да се излади, по што клима уредот може да се исклучи

3.Климата мора редовно да се одржува и чисти

4. Климата не смее да дува директно во вас

5.Обрнете внимание на тоа колку жештина влегува низ прозорецот за време на денот заради поекномично трошење на струја