Почнете со диета денес, а задутре имајте минус 4 килограми

Оваа диета можете да ја повторувате колку пати сакате, но таа подразбира да се откажете од лебот, алкохолот и соковите.Се препорачува да пиете најмалку 6 чаши вода дневно.Позната е како тридневна диета бидејќи за тоа време се губат до 4 килограми.Комбинацијата на намирници е добро осмислена за да го забрза метаболизмот и да ги разгради мастите во телото.

Прочитајте како да ја применувате оваа брза диета.

Прв ден

Појадок: Црно кафе или чај, половина цитрон или сок од цитрон, еден двопек со една голема лажица путер од кикиритки.

Ручек: Половина чаша туна (маслото исцедено), еден двопек, црно кафе или чај, вода.

Вечера: Околу 100 грама какво било немрсно месо, 1 чаша боранија, 1 чаша моркови, 1 чаша сладолед од ванила, 1 средно јаболко, црно кафе, чај или вода.

Фото: pixabay.com

Втор ден

Појадок: Црно кафе или чај, едно јајце, подготвено на кој било начин, еден двопек, една банана.

Ручек: 1 чаша кашкавал или туна, 5 солени крекери, црно кафе или чај или вода.

Вечера: 2 виршли, половина чаша моркови, 1 чаша брокула или зелка, 1 банана, половина чаша сладолед од ванила, црно кафе или чај, вода.

Фото: pixabay.com

Трет ден

Појадок: Црно кафе или чај, 5 солени крекери, 1 парче кашкавал, 1 јаболко

Ручек: 1 тврдо варено јајце, 1 двопек, црно кафе или чај, вода

Вечера: 1 чаша туна, 1 чаша моркови, 1 чаша карфиол, 1 чаша диња, половина чаша сладолед од ванила, црно кафе или чај, вода.

НАПОМЕНА:Треба да напоменеме дека оваа диета, не е здрава и луѓето со придржување кон овој режим на исхрана чувствуваат вртоглавица и ја губат концентрацијата.

Бидете свесн дека оваа диета е само привремена диета како и поголемиот дел од нив.