Не е здраво да се има многу пријатели на Фејсбук

Фејсбук е социјална мрежа која им помага на пријателите и роднините да останат во контакт и понекогаш е одговорен за подигнување на самодовербата.

Сепак истражувачите од Универзитетот во Монтреал откриле дека оваа социјална мрежа игра негативна улога во нивото на стрес, посебно кај тинејџерите.

Се чини дека да се има многу пријатели на Фејсбук не е здраво.

Во студијата утврдиле дека тинејџерите кои имаат повеќе од 300 пријатели имаат и поголема количина од хормонот за стрес – кортизол, во однос на младите кои имаат помалку од 300.

„Иако одговорни се и други фактори утврдивме и изолирано влијание на Фејсбук на зголемен кортизол во износ од осум проценти“, велат истражувачите.

Исто така, претходна студија утврдила дека тинејџерите кои се големи фанови на Фејсбук се помалку нарцисоидни и имаат послаби оценки во училиште.

Најдобро е, тврдат научниците, на децата рано да им се објасни како да се однесуваат и како да бидат умерени на социјалните мрежи.