Состојки:
400 грама лазањи
0.5 кг мелено месо
0.5 литри пасиран домат
0.5 литри црно вино
Една голема главица кромид
Лук (три чешниња)
Бибер
Сол
Оригано
Босилек
1 кесичка пармезан
25 грама масло
3 лажици брашно
0.6 литри млеко
Подготовка:
Сос:
На масло пропржете го исецканиот кромид, додадете го месото и малку пропржете.
Потоа додадете го доматниот сос, лукот, виното и останатите зачини. Можете да додадете и зеченчук по желба (морков и сл)
Гответе се заедно околу половина час, додека не испари течноста.
Бешамел сос:
На масло пропржете 3 лажици брашно, додадете топло млеко и со постојано мешање гответе додека смесата не згусне. (доколку премногу згусне, додадете уште млеко)
Тестенините (лазањите) варете ги во зовриена вода 3 минути а потоа потопете ги во ладна вода.
Лазањите се редат во огноотпорна тава за печење намачкана со масло.
Садот премачкајте го со маргарин или масло и ставете еден слој од бешамел сосот. По ова наредете го првиот ред тесто. Врз тестото ставете бешамел сос а потоа сосот со месо. Па повторно тесто, па бешамел сос, па сосот со месо. Редете по овој редослед додека не ги портошите состојките. Тестото мора да биде на врвот и на крај да се полие со бешамел сос.
Над него истурете ја кесичката со пармезан .
Печете во рерна додека лазањите да добијат златеникава боја.