Без разлика дали ќе заврши во море, када, базен или WC школка запаметете – телефонот нема да се расипе поради влагата, туку поради вашиот обид да го вклучите.
Еве што треба да направите ако телефонот ви падне во вода.
Веднаш прекинете го напојувањето
– Првото правило е: не паничете, што е можно побрзо исклучете го телефонот. Што побрзо го исклучите, поголеми се шансите дека подоцна можете да го „оживеете“.
Не се обидувајте да го вклучите телефонот
– Не го вклучувајте телефонот затоа што паднал во вода. Дури и кога ќе го исушите со сува крва или фен, немојте тоа да го правите затоа што може да предизвикате краток спој. Ако тоа ви се случи, заборавете на поправка.
Извадете ја батеријата и картичката
– Веднаш извадете ја СИМ картичката и батеријата. Ако мобилниот паднал во море, исклучен измијте го под млаз вода од чешма. Немојте да се обидувате да го исчистите со алкохол.
Брзо сушење
– Телефонот прво добро исушете го со сува крпа. Ако имате фен за коса со опција за ладен воздух, исушете го мобилниот на тој начин, но никако немојте да користите топол воздух.
Постепено сушење
– Ставете го телефонот покрај столна ламба, рефлектор или некој друг помал извор на топлина за да овозможите водата полека да испари. Овој процес може да трае и шест часа. Во секој случај, немојте да брзате и да користите жежок воздух или некој силен извор на топлина.
Трик со ориз
– Затоа што сето ова сте го направиле, оставете го телефонот најмалку уште три дена пред да се обидете да го вклучите. Ова е важно затоа што иако може да ви се чини дека мобилниот е потполно сув, и најмалата количина на влага може да реагира во контакт со батеријата и да доведе до краток спој. Некои советуваат телефонот да го ставите во чинија полна со сув ориз затоа што оваа намирница привлекува влага. Ако тоа го направите, оризот треба потполно да го прекрива телефонот.