IQ повеќе не е мерило за вистинската интелегенција- еве зошто

На секои 10 години коефициенотот на интелигенција расте за отприлика 3 бода, но дали тоа значи дека стануваме поумни или тоа покажува нешто сосема друго?

Психологот James Flynn со години го прати порастот на просечниот коефициент на интелигенција. Тој тврди дека На секои 10 години коефициенотот на интелигенција расте за отприлика 3 бода, но тоа не значи дека луѓето стануваат попаметни – овој тренд го добил името Флинов ефект.

Интелигенцијата не е исто што и паметен човек, вели тој. Интелигенцијата ги мери научените способности а не природните. Едукацијата на пример во училиштата се менува со времето па така новите генерации остваруваат и подобри резултати на тестовите кои се стандардизирани, меѓу кои и IQ тестовите.

Овој став на Flynn е спротивен на многу други теории дека на интелигенциајта која ја мери IQ тестот неможат да влијаат образованието, културата и околината во која живее поединецот. Сепак две нови истражувања ја потврдија токму теоријата на Флин.

Првата студија ја сруши широко развиената терорија дека околината и наученото не влијае на нечие апстракно размислување. Односно и тука влијае флиновиот ефект – пример децата денеска многу порано учат алгебра од порано, изјавил авторот на студијата Ainsley Mitchum.

Тој дури тврди дека најверојатно не е вистина дека едни се раѓаат поинтелигентни од други затоа што возрасните не се разликуваат премногу по неуротипологија, според тоа излегува дека IQ тестовите всушност ни зборуваат за искуствата, наученото, влијанието на средината.

Точно е дека некои се попаметни – од аспект побрзо учат, имаат поголема логика, афинитети кон некои работи но тоа не е исто што и интелигенцијата, велат овие научници.