Со ова едноставно правило никогаш нема да изгорите на сонце

Факторот или SPF во кремот, се тестираат врз анализа на кожата по нанесување на еден слој од кремот, но луѓето обично нанесуваат од 25 до 75 проценти од таа кочичина. Не постојат меѓународни стандарди за тоа колку крем би требало да се нанесува, иако производителите претпоставуваат дека користите иста количина колку и нив.
Затоа, научниците истакнуваат дека не е изненадувачки што луѓето не знаат како и колку крема за сончање да се употреби.

Научната доза е „правилото единаесет“ – единаесет делови од телото на кои треба да се употреби околу 9 отсто од вкупната количина на произвотот.

Тие 11 делови се:

– На главата, вратот и лицето

– Левата рака

– Десната рака

– Горниот дел од грбот

– Долниот дел на грбот

– Горниот дел од торзото

– Долниот дел од торзото

– Десната надколеница и бутовите

– Левата надколеница и бутовите

– Десната потколеница и стапалото

– Левата потколеница и стапалото

Авторите на истражувањето велат дека оваа количина на кремата за сончање е доволна за се примени на сите овие 11 области, ако луѓето го користат методот на „два прста”. Ова значи дека нанесувате две ленти крема од врвот до подножјето на показалецот и на средниот прст и така се мачкатае на секоја област.