Што би се случило со човекот ако во Вселената е без заштитна облека?

Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако во Вселената отиде човек без посебно одело?

Има ли можност за преживување или не?

Ако на Земјата не штити атмосферата од сите штетни сончеви УВ зрачења и така се регулира температурата и одржува идеалниот атмосферски притисок, во Вселената е многу поопасно отколку што замислувате.

Најголема опасност во Вселената без заштитно одело е недостатокот на кислород и притисокот кој предизвикува ебулизам.

Ебулизам е формирање на меурчиња во телесните течности кои настануваат како последица на недостатокот на притисок. Поради тоа нашето тело би се надуло дури и двојно повеќе од нормалното.

Но, не би експлодирале бидејќи нашата кожа е многу растеглива. Од друга страна би искусиле неверојатна болка, а циркулацијата на крвта би била многу отежната.

Другата голема опасност е недостатокот на кислород кој е неопходен за дишење, односно живот.

По само 15 секунди нашиот организам би го искористил целиот кислород кој се наоѓа во нашето тело и потоа би изгубиле свест.

Иако вака би можеле да задржите воздух неколку минути, сепак во Вселената е малку поинаку.

Ако таму се обидете да задржите воздух тоа ќе биде многу непријатно и ќе се најдете во лоша ситуација. Овој потег ќе доведе воздухот брзо да се рашири и ќе дојде до пукање на градитте.

Освен овие работи, крајно би биле озрачени и со УВ зраци и со гама радијацијата и рендгенските зраци при што настанува крајно оштетување на ДНК што ќе доведе до мутација која ќе предизвика рак.