Многу често добиваме совети кои се прифаќаат како нешто што е проверено и добро.
Но, не секогаш овие совети се точни и се покажуваат како успешни во практика.
Ви разоткриваме неколку „животни правила“ кои според истражувачите се чиста глупост.
Верувај во себе и ќе успееш
Оваа фраза секојдневно ја слушаме. Според неа, луѓето со висок степен на самодоверба имаат повеќе пријатели, поуспешни се во работата и подобро функционираат како членови на општеството. Сепак, истражувањата покажуваат дека децата кои се „напумпани“ со самодоверба, стануваат агресивни во моментот кога нивното чувство на супериорност е доведено во прашање.
Исфрлете го бесот од себе и ќе се чувствувате одлично
Денес се повеќе се популарни техниките со кои гневот се отфрла од себе. Врескање во перница, стискање на гумено топче, удирање во вреќа за бокс, наводно се многу здрави методи за ослободување од насобраниот гнев. Во многу земји постојат таканаречени соби за бес, каде буквално можете се да искршите и наводно да се „олесните“.
Но, ова воопшто не функционира, напротив, овие техники дополнително ќе ве изнервираат. Еве во што е проблемот. Луѓето се робови на навиките. Кога ќе сториме нешто од кое ќе се чувствуваме подобро, истото сакаме постојано да го повторуваме.
Исфрлањето на бесот како средство за контрола на истиот, е потполно идентично со контролирање на зависта од алкохол со дополнителна чашка алкохол.
Доколку некој стекне навика да удира во предмети секогаш кога ќе осети дека е бесен, што би се случило доколку во тој момент нема предмети во близина, но има луѓе? Очигледно е дека би „летале глави“.