Првата работа која ја прават милиони луѓе кога ќе се разбудат е стискањето на копчето snooze на нивниот телефон.
Но, пред телефоните, па дури и пред будилниците, луѓето требало да се разбудат и да ги извршуваат своите обврски.
По „Индустриската револуција“ во Велика Британија и Ирска, постоеле будачи кои со долги стапови им тропале на работниците на прозорците.
Механичките будилници постоеле уште од 15 век, но биле многу ретки.
Модерниот будилник го измислил Леви Хатчинс од Њу Хемпшир, кој во 1747 година го направил будилникот кој звонел секој ден во 4 часот, за да го буди за на работа.
Сто години подоцна патентот за будилник го заштитил французинот Антоан Редиер.