Со него спиете, со него се будите: Како да ја победите зависноста од паметен телефон?

На секои неколку минути го проверувате својот телефон за да не ви „побегне“ ниедно ново известување, го носите со себе и кога се туширате? Проверете дали станавте зависни и дали ви треба помош…

Постојано го проверувате својот паметен телефон во надеж дека стигнала нова „среќа и задоволство“? Колку пати во рок на еден час или дена го проверувате својот паметен телефон, а притоа да не слушнавте никаков звук? Чувствувате ли едноставно потреба да ги претиснете убавите шарени икони на екранот и да го проверите својот календар, електронската пошта, да ги читате и обновувате статусите на апликациите, а да немате никаква реална потреба за тоа?

Ако одговоривте позитивно на овие прашања, вие сте на добар пат да станете зависни од своето мало чудо од техника.

Иако тоа не ги намалува вашите лични проблеми, се чини дека не сте единствени. Зависноста се проширила ширум планетата Земја. Истражување на Универзитетот Харвард спроведено со помош на 1.600 менаџери и бизнисмени, покажало неверојатни резултати:
1. 70% од луѓето го проверуваат својот паметен телефон час време, откако ќе се разбудат.
2. 56% од луѓето ги проверуваат телефоните половина час пред спиење.
3. 48% од луѓето ги проверуваат паметните телефон во текот на викендот, иако не се на работа.
4. 51% од луѓето ги проверуваат своите смартфони за време на годишниот одмор.
5. 41% од испитаниците тврдат дека би биле многу вознемирени кога би го изгубиле својот смартфон и кога не би можеле да го заменат во рок од една недела.
Можеби овие податоци не ви се чинат толку страшни на прв поглед, но се работи за многу често проверување на паметните телефони, како што опишавме на почетокот на текстот.

МЕНУВА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Следното прашање што треба да се постави е – зошто доаѓа до зависност? Веќе од порано е познато дека интернетот и одредените форми на користење на компјутерите може да предизвикаат зависност, баш како што зависноста што се предизвикува од пушењето, претерано пиење на алкохол, дрога, и.т.н.
Имено, компјутерската технологија може да предизвика зависност, бидејќи е психоактивна, може да го менува расположението, односно она најважното, може да го поправи расположението.
Можеби сега ќе се запрашате што е лошо во тоа? Исто што и во било која друга зависност – не е природно, ниту здраво.

НА КОЈ НАЧИН СТАНУВАТЕ ЗАВИСНИК?

Никогаш не знаете кога ќе добиете многу забавна порака на електронската пошта, порака од безброј апликации, повик или пак да постигнете нов рекорд во играње на некои забавни игри.

Паметниот телефон ги има скоро сите карактеристики како компјутерот, што ви овозможува пристап на информации и во се што ќе посакате кога било и каде било. Поради таквата практичност, сакате секогаш да го носите со себе, бидејќи со него никогаш не е досадно, било да чекате на ред кај лекар, да се возите во јавен превоз, лежите во када или се одморате на кревет.

Се разбира, паметниот телефон е создаден за тоа, но што кога во вашата „љубовна“ врска со него ви пречи професионалниот и приватниот живот, ја уништува концентрацијата и кога наместо дружење со пријатели во живо, повеќе уживате во дружење со помош на паметен телефон?
Во тоа научниците гледаат голем проблем, дисфункција, па и вид на зависност.

СЕКОГАШ СО НАС

Некои научници предупредуваат на се поголем проблем со менталното здравје на корисниците на паметен телефон.
Паметниот телефон претставува дури и поголема опасност од компјутерот заради својата големина, лесна употреба, бесплатни и ефтини апликации, можности за непрестана поврзаност на интернет. Тоа дефинитивно е многу попрактично за употребување, за разлика од компјутерот.
Луѓето се зависни од својот паметен телефон од моментот кога ќе се разбудат, до моментот кога одат на спиење. Според својот дизајн, тој е повеќе од занимлив „гаџет“, бидејќи го „краде“ вашето внимание, а некои истражувања за компјутерската технологија покажала дека не одвраќа од длабокото и концентрирано размислување.
Освен тоа, денешниот проток на информации е толку брз, што ако некој сака да биде во тек, мора често да „виси“ над својот паметен телефон за да не пропушти нешто случајно некоја важна вест. Некои луѓе едноставно не можат да поднесат повеќе дека не се во тек.

КАКО ДО САМОКОНТРОЛА?

Бидете свесни за ситуацијата и емоциите, следниот пат кога без причина сакате да го проверите својот паметен телефон. Дали е тоа заради досада, самотија, тешкотии, нервоза? Размислете за тоа што би ви помогнало друго освен вашиот телефон? Бидете силни кога вашиот паметен телефон почне да ѕвони. Не морате секогаш да се јавите. Можете да избегнете со гасење на музиката за новите промени на статуси, стигање на пошта, пораки и друго.

Бидете дисциплинирани и не користете го паметниот телефон во одредени ситуации. На пример, додека возите, кога сте со деца, за време на состанок, помеѓу 20 часот и 7 часот наутро…

Ќе се изненадите колку нема да ви недостига по некое време и дека ништо важно нема да пропуштите. Освен тоа, ќе имате чувство на контрола над ситуацијата.