Камчатка е дом на еден многу скап, но фантастичен деликатес – црвениот кавијар.
До него не се доаѓа по лесен пат, па доколку ве интересира процесот на правење, прочитајте го текстот подолу.
Како прво, во морето треба да се уловат лососи женки кои се богати со икра. Мажјаците се враќаат во морето, а женките лососи, за жал страдаат.
Во првата рунда, се одвојува икрата од телото. Се внимава да не се измешаат икрите на две различни врсти на риба. Зрната од икрата се рангираат според големината.
Икрата се мие, се сортира и посолува. Процесот на посолување трае дваесетина минути.
Следи пакувањето на кавијарот а потоа и негово сушење.
На крај се додава растително масло и посебни, тајни состојки кои ќе помогнат при конзервирањето на кавијарот.
При крај на пакувањето, се вметнуваат антисептици.
Се потпишува декларација и кавијарот е подготвен да патува кон најфините светски адреси.