Секој трет човек редовно ги шпиунира своите соседи, а дури половината од нив знаат да одговорат на прашањето во кое време одат на работа или се ваќаат дома.
До тие информации најчесто не доаѓаат низ добрососедски односи, туку со посматрање од прозор.
Некои одат дотаму што ѕиркаат низ клучалката. Ова го покажуваат податоците на студијата од Универзитетот Јеил спроведена на повеќе од 2.000 луѓе.
Со воајерство најмногу се занимаваат пензионерите и тие кои поголемиот дел од времето го поминуваат дома, а досадата и љубопитството се најчестите причини за шпиунирање.
Освен кон општите работи, оние кои шпиунираат обично добро се упатени и во приватните работи на соседите, па четвртина од нив знаат кои парови имаат проблеми во односите, а секој десетти тврди дека знае кој го изневерува својот сопружник.
Една од тактиките за шпиунирање е гледање низ прозор зад завесата во затемнета соба, за да останат незабележани, а секој трет ќе доторча до прозорот ако слушнат доаѓање на автомобил или некаква галама пред влезот.
Топ работи кои соседите ги забележуваат
– Нов автомобил
– Време на одење и доаѓање од работа
– Рутината на соседите
– Доаѓање на непознат посетител
– Кавги на соседите
– Достава на вратата на соседот
– Можност за принова кај соседот