Што ќе се случи ако не го ставите телефонот во airplane mode? Одговорени најголемите авионски мистерии

Дали некогаш сте се запрашале каде се исфрлаат отпадоците од тоалетот или можеби зошто прозорците имаат мали дупки во авионите?

Зошто можеби самите прозорци се речиси кружни или дали воопшто треба да се плашите од турбуленциите?

Неколку прашања и митови за кои веројатно барем еднаш во животот сте се запрашале и нивните одговори:

1. Каде се исфрла изметот од тоалетот на авионите?

Не се исфрла за време на самиот лет, туку откако авионот ќе слета се празни резервоарот каде се складира изметот.

Но, постојат изјави кои велат како виделе сини парчиња мраз дека паѓаат од авионите… Тоа е сината материја која служи за уништување на непријатниот мирис и тврдиот отпад да го растопи.

Понекогаш може да се случи истекување на течноста која веднаш штом ќе излезе од авионот се претвора во мраз и повторно се топи како што се доближува до земјата.

Во секој случај, изметот останува во авионот сè додека истиот не слета.

2. Дали патниците побрзо се опијануваат на висина од 10.000km?

Постои мит дека патниците многу полесно можат да се опијанат за време на летот на авионот, бидејќи се наоѓаат на висина каде има помалку кислород.

Но, истражувањата покажуваат дека тоа е само мит, не и вистина.

Не постојат разлики во пиењето на земја и за време на летот, но патниците може да се чувствуваат како да се попијани поради помалите количини на кислород.

3. Дали можете да се заглавите додека седите на тоалетната школка?

Тоалетите во авионите испуштаат силни и непријатни звуци за време на пуштањето на вода, па многумина досега се запрашале дали случајно можат да бидат вовлечени во тоалетот да се заглават.

Одговорот е негативен.

Точно е дека тоалетите на авионите имаат силен вакуумирачки систем, но тоа не значи дека поради него можете да се заглавите.

Од друга страна пак, често оние кои ги чистат авионите наоѓаат предмети кои не би требало да се најдат таму.

4. Зошто прозорците имаат овална форма?

Во ниту еден случај не се овални од естетски причини, туку за поголема безбедност на патниците.

Првите комерцијални авиони имале правоаголни прозорци, но по серија несреќи, инженерите го идентификувале проблемот, односно причината за овие несреќи.

Разликите во притисокот меѓу внатрешноста на авионот и надворешната средина прават притисок на краевите на прозорците, па затоа, денес прозорците имаат овална форма.

5. Дали патниците треба да се плашат од турбуленциите?

Турбуленциите се причина за најголем страв на патниците, а истите се случуваат кога две различни струи во воздух се судираат под различни брзини.

Но, како што објаснува пилотот Патрик Смит, патниците немаат причина да се плашат од истите, бидејќи не можат да предизвикаат паѓање на авионот.

6. Зошто прозорците имаат мали дупки?

Како и формата на прозорците, така и овие дупки се прават од безбедносни причини – помагаат да се регулира притисокот.

7. Дали пилотите треба да имаат клуч за да го полетаат авионот?

Поаѓањето на авионите не е исто како кај автомобилите. Како што објаснуваат пилотите, потребно е да притиснете неколку копчиња пред да започнат моторите да ротираат.

8. Што ќе се случи ако не го ставите телефонот во „airplane mode“?

Повеќето патници веруваат дека мобилните и таблетите ако не се исклучени за време на летот, можат да предизвикаат паѓање на авионот, но, ова верување не е потврдено.

Всушност, сигналите од личните електронски уреди, не можат да го паднат авионот, но затоа можат да им пречат на пилотите и контролорите во радио комуникацијата.

9. Ако пушењето е забрането, тогаш зошто авионите сè уште имаат пепелници?

Со години постои забрана за пушење во авионите, но пепелниците остануваат затоа што пилотите се плашат дека ако некој случајно реши потајно да запали цигара, а потоа нема каде да ја фрли, може да предизвика пожар во авионот.

10. Дали молњите можат да го срушат авионот?

Ова звучи страшно, но авионите одамна се направени да издржат удар од молња, всушност тоа се случува почесто отколку што мислите.

Некои истражувањата тврдат дека тоа се случува на секој авион барем еднаш годишно.

11. Дали вратата од авионот може да се отвори на сред лет?

Кабината е под притисок, па потребна би била натчовечка сила за да се отвори. Всушност, притисокот внатре е поголем, па вратата автоматски се затвора.

12. Колку е моќен моторот на авионите?

KLM тврдат дека моторот на авионите е моќен колку 28 Формула 1 автомоболи.

Најмоќниот мотор на светот, оној на General Electric – GE90-115B има дијаметар од 3,2 метри и има сила од 52.163 килограми .

13. Дали стјуардесите имаат дозвола да апсат?

Ако некој патник претставува закана за безбедноста на летот, по барање на пилотот, стјуардесите имаат дозвола да извршат апсење.

14. Дали стјуардесите мораат да бидат високи?

Барањата за тоа која треба да биде висината на стјуардесите варира од компанија до компанија, па стјуардесите можат да бидат високи од 150cm до 190cm.

Емиратите на пример, бараат стјуардесите да бидат високи најмалку 160cm, а заедно со исправена рака да достигнат височина од 212cm.