Како да зготвите совршено турско кафе?

Ако сте љубител на вистинското кафе, сигурно веќе знаете некои тајни за правење на овој омилен напиток, но сигурни нема да ви штетат уште неколку интересни информации.

Најголеми непријатели на зрната кафе се влагата и воздухот. Кога се изложени на овие два фактори, ароматичните масла од кафетo брзо се губат.

Кафето повеќе ќе остане свежо ако купите и чувате цели зрна, најдобро во непроѕирен и добро затворен сад.

Ако купувате повеќе кафе отколку што планирате да потрошите за 10 дена, вишокот слободно ставете го во замрзнувач.

Најдобар начин да препознаете свежо зрно на кафе е мирисот – потребна е слатката, земјеста арома на кафе.

Нема некои големи тајни во подготвувањето на кафе, основната постапка секогаш е иста – преку мелено кафе прелијте врела вода и тогаш ќе излезат ароматичните масла кои даваат добар вкус.

За секогаш да готвите добро кафе, вредат некои универзални правила:

– Приборот мора да биде чист

– Користете свежа, ладна вода

– Подгответе кафе со вода на температура која одговара според упататсвата

– Кафето секогаш послужете го веднаш по подготовката

Како да подготвите кафе во ѓезве

Иако можете да го подготвите во било што, т.н турско најубаво е подготвено во ѓезве. Кај подготовката важно е кафето да го варите два, три пати, пишува авторката на книгата „Книга за кафе“, Сара Пери.

Во ѓезвето потребно е да ставите две лажици кафе и една лажица шеќер (по вкус), па прелијте го со 120 мл вода.

Важно е ѓезвето во тој момент да не биде полно повеќе од половина, затоа што кафето може да ви истече.

Кога ќе ја додавате водата, кафето измешајте го неколку пати за шеќерот да се стопи. Кога водата ќе почне да врие, кафето варете го две минути и потоа тргнете го од оган, па оставете го да отстои 20-тина секунди.

Постапката повторете ја уште еднаш или два пати, па на крајот оставете го кафето да отстои една минута.