Еве врз основа на што комарците ја бираат “жртвата”

Данските истражувачи од универзитетот “Aarhus” открија дека човечкиот мирис е оној кој ги привлекува или одбива комарците.
Комарците ги привлекува јагленот диоксид и топлината која ја испуштаме, а исто така ги привлекуваат и одредени мириси, вели Карл Мартин Вагн Јенсен, водач на истражувањето.

Јенсен тврди дека сè уште не одредиле кој мирис точно ги привлекува малите “крвопијци”, но е сигурен дека постои разлика меѓу нив. Ова истражување успеа да ги сруши митовите за комарците.

Некои луѓе веруваат дека комарците ги бираат луѓето со “слатка” крв, некои сметаат дека ги избегнуваат луѓето кои се заразени, додека има и такви кои веруваат дека витаминот В дава заштита од иритирачките убоди на инсектите.

Но, користењето на лукот како заштитно средство е делумно оправдано. Јесен вели дека нема научни докази за тоа, но има индикација дека аромата на лукот може да го маскира нашиот мирис и да ги избрка комарците, но за жал, ги брка и луѓето околу нас.