Стари народни верувања! Како да ви тргне со парите!

Заеми и покачувања
Најдобро е да побарате покачување во среда, додека е ден. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Според верувањата, заемите треба да ги давате или земате наутро – ако на вакво нешто се решите навечер, заемот е осуден на пропаст. Од друга страна, избегнувајте да барате заеми. Ако сте во можност, позајмувајте им на оние што ви бараат што почесто; така ќе ги „програмирате“ парите да ви се вратат на друг начин.


Платата треба да „преспие“
За парите што сте ги заработиле да го засакаат вашиот паричник и вашиот дом, на денот кога ќе земете плата не трошете ни денар. Според верувањата, за добра среќа, пожелно е целата сума да преспие во ваша сопственост.


Џебови и пари
Наполнете ги џебовите на облеката што виси во ормарот со ситни банкноти. Парите не сакаат скинати џебови, а ниту отпаднати копчиња.

Банкнота за среќа
Носете „среќна“ банкнота во паричникот – првата заработена пара или пари што сте ги добиле од некоја добра личност. Таа банкнота не е за трошење, таа е амајлија за финансиска сигурност.


Чувајте ги монетите
Никогаш не го оставајте паричникот празен, нека има барем по некоја пара. Парите треба да ги чувате со главната страна свртена кон сопственикот.


Не крадете туѓа среќа
Нечесно добиените пари, парите добиени на коцка, најдените и искинатите пари не носат среќа и не треба да се задржуваат во вашиот паричник. Подобро е да ги поделите со сиромашните или брзо да ги потрошите.


Чувајте ги крупните пари
Пожелно е во домот да чувате крупни пари. Таа треба да отседи во домот преку целата година; така ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.