Есента го менува вашето расположение, еве како да си помогнете

Сте слушнале ли за есенска анксиозност?


Психолозите објаснуваат дека ова е состојба, којашто е условена од надворешни фактори.

„Многу луѓе не се ни свесни дека нивното лошо расположение доаѓа под влијание на временските промени во природата. Тие ги чувствуваат тегобите, но не ги препознаваат причините. Кај повеќето, есенската анксиозност редовно се јавува секоја година“, вели американската докторка Клер Морисон укажувајќи дека најчестите симптоми како депресија, раздразливост, поспаност, замор, губење на интерес за секојдневните активности и за дружење.

Како една од причините за овој проблем, медицинарите го посочуваат недостигот од сончева светлина. Помалку Сонце, помалку серотонин – хормон кој е задолжен за доброто расположение, апетит, смиреност. За сметка на неговото намалување, се зголемува лачењето на мелатонин, кој се поврзува со пад на расположението и поспаноста. Исто така, доаѓа до недостаток на Д витамин, кој е многу потребен во борба против депресијата.

За са не западнете во оваа состојба,лекарите советуваат секојдневно да практикувате утринска прошетка. Дваесетина минути надвор со раздвижување, а без поголем напор можат да направат чуда за вашето расположение, да го покренат духот и да ви дадат енергија.