Ова се најубавите љубовни писма на сите времиња

Честитката што Џони Кеш ја напишал на својата сопруга Џун Картер, според една британска анкета е прогласена за најубаво љубовно писмо на сите времиња

Инаку, писмото е напишано во 1994 година, а Џони со него на сопругата и го честитал 65-от роденден.

– Среќен роденден принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Взаемно си ги читаме мислите. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш малку си одиме на нерви. Понекогаш можеби и едно и друго земаме здраво за готово. Но, понекогаш, како денес, размислувам за се и ми станува јасно колку сум среќен што животот го поминав со најдобрата жена што сум ја запознал. Се уште ме фасцинираш и инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и основна причина поради која постојам. Многу те сакам. Среќен роденден, принцезо. Џон, гласи најубавото љубовно писмо на сите времиња.

Меѓу другите писма на оваа листа се најдоа и писмата на Винстон Черчил, Џо Китс, Ернест Хемингвеј и Бетовен.

2. Писмото на Винстон Черчил до сопругата Клементина (1935)

– Моја мила Клеми, во твоето писмо од Мадрас ми напиша зборови кои ме допреа, за тоа колку сум ти го збогатил животот. Не можам да ти опишам колку тоа ме усреќи бидејќи кога би постоеле љубовни сметки, за секогаш би ти бил должник.

3. Писмото на Џон Китс до сосетката Фани Браун (1819)

– Не можам да постојам без тебе. Заборавам на се друго и само сакам повторно да те видам. Мојот живот во тој момент запира. Не гледам понатаму. Ме апсорбираше.

4. Писмото на Ернест Хемингвеј до Марлен Дитрих (1951)

– Не можам да ти кажам дека секогаш кога ќе те прегрнам се чувстувам како да сум дома.

5. Наполеон и Жозефина (1796)

– Откако те напуштив, постојано сум тажен. Мојата среќа е покрај тебе. Постојано ги преживувам сеќавањата на твоите допири, солзите, твојата грижливост. Пламенот на твојот шарм постојано гори и сјае во моето срце.

6. Ричард Бартон и Елизабет Тејлор (1964)

– Моите слепи очи постојано чекаат да те видат. Ти, секако не си свесна за тоа, ниту за тоа дека секогаш си прекрасна и дека на необичен начин си стекнала посебна и опасна убавина и шарм.

7. Крал Хенри Осми и Ен Болен (1527)

– Сакам да ги знам твоите намери поврзани за нашата љубов. Морам да го добијам тој одговор бидејќи повеќе од една година сум ранет од љубовна стрела, а се уште не знам дали ќе пропаднам или ќе најдам место во твоето срце.

8. Писмо од Бетовен до мистериозна бесмртна љубов

– И додека лежам во постела, моите мисли скитаат кон тебе, моја Бесмртна љубов, некогаш весело некогаш тажно, исчекувајќи од Судбината дали ќе не послуша. Јас можам да живеам само со тебе или да не живеам без тебе.

9. Писмо на Џералд Форд до Бети Форд, недолго откако и бил дијагностициран рак на дојката (1974)

– Нема напишани зборови кои можат да ја изразат мојата длабока, длабока љубов. Знаеме колку си прекрасна и ние, децата и татко ми, ќе се обидеме да бидеме силни како тебе. Нашата верба во тебе и Господ ќе не одржи. Нашата заедничка љубов е вечна.

10. Џими Хендрикс до својата девојка (датум непознат)

– Среќата е во тебе. Поради тоа, фрли ги ланците од срцето и расти како сладок цвет кој си. Го знам одговорот, само рашири ги крилата и биди слободна.