Наутро сме повисоки, еве и зошто

Дали понекогаш ви се чини дека наутро, кога ќе се разбудите, откако ќе станете и добро ќе се истегнете, сте повисоки отколку обично?

Сигурно се прашувате дали тоа ви се причинува? Експертите велат – НЕ!

Во просек, човекот за околу еден и пол сантиметар е повисок наутро, благодарение на вишокот течност помеѓу пршлените на ‘рбетот.

Во текот на денот, телото се бори со стресот и со стоењето, па пршлените стануваат компресирани и течноста истекува, додека во текот на ноќта сето тоа се обновува.

Овој губиток на течности е виновен за вашиот губиток на висината на крајот на денот.