Кожата на лицето речиси невозможно е совршено да се исчисти со препаратите за чистење и миење.
Но затоа постои парењето на лице, прастара метода на нега на која речиси потполно заборавивме.
Парењето на лицето, и покрај технологиите и препаратите, дефинитивно се задржа како многу важна метода на нега, а ја користеле уште и старите Римјани.
Предностите се бројни – отвора пори, ги отстранува мртвите ќелии, помага против акни и проблематичен тен и ја поправа циркулацијата.
Затоа, најмалку на две недели, исчистете го лицето со парење и тоа на следниов начин:
– Лицето прво исчистете го од нечистотијата и шминката на вообичаен начин.
– Извриена вода истурете во поголем сад и над неа наднесете го лицето (секако не преблиску за да не се попарите)
– Преку главата ставете поголем пешкир.
– Останете така неколку минути.
– Ако сакате можете водата да ја “зачините“ со некој чај за смирување, како што е на пример камилица.
– Потоа измијте се добро со обична ладна вода и нанесете крема.
Доколку боледувате од болести на кожа кои предизвикуваат црвенило, ако кожата ви е склона кон црвенило или имате почувствителни капилари, немојте да применувате парење на лицето.
Исто така, ако при парењето почувствувате каква и да е непријатност, веднаш сопрете ја постапката.