Теоријата за различните типови на интелегенција на професорот Ховард Гаднер, кажува дека интеленгијата е збир на повеќе работи, а не само на една доминантна способност.
Тој во неговата книга зборува за 9 типа на интелегенција.
- Природна интелегенција
Оваа интелегенција е способноста за живеење меѓу живите суштества, но и осетот спрема појавите во природата.Оваа способност најмногу се гледа кај ботаничарите и куварите.
- Музичка интелегенција
Музичката интелегенција претставува способност за разликување тонови, ритам, бојата на звукот и тонот.Често постои и поврзаност ,меѓу музиката и емоцијата. Освен тоа музичката и математичката интелегенција често имаат сличен процез на размислување.
- Логичко математичка интелегенција
Оваа интелегенција е способност за пресмеување, знаење на пропорции како и изведување математички операции. Овозможува перцепција за поврзување на причината и последиците. Математичарите, научниците и детективите имаат доста развиена логичка интелегенција.
- Егзистенцијална интелегенција
Се работи за способноста за размислување за длабоки прашања во врска со човечкото постоење, смислата на животот, зошто живееме и од каде потекнуваме.
- Интерперсонална интелегенција
тоа е способност за разбирање и интеракција со другите. Ја вклучува и вербалната и невербалната комуникација. Професорите, социјалните работници, глумците и политичарите го поседуваат овој вид на интелегенција.
- Телесно кинестетичка интелегенција
Се работи за различни телесни способности. Спортистите, танчерите и хирурзите се дел од оваа група.
- Лингвистичка интелегенција
Се работи за способност за користење на јазикот за да се изрази комплексна мисла. Оваа интелегенција овозможува да се разбере редот и значењето на зборовите. Ваква интелегенција поседуваат писателите, новинарите и јавните говорници.
- Интерперсонална интелегенција
Оваа интелегенција е во врска со способноста за разбирањето на самиот себе, своите мисли и чувства. Ваквата интелегенција се среќава кај психолозите и филозофите. Луѓето кој имаат ваков вид на интелегенција како млади се многу срамежливи, но се многу свесни за своите чувства.
- Просторна интелегенција
Просторната интелегенција претставува способност за тродимензионално размислување. Се работи за замислување слики, уметничка способност и бујна фантазија. Пилотите, сликарите и архитектите се тип на луѓе кои најчесто поседуваат ваков вид на интелегенција.