Како полесно до нови пријатели

Дали ти е преку глава секогаш да си на страна и „отфрлен“ од сите случувања?

Најверојатно чуствуваш дека сите освен тебе имаат бурен и интересен друштвен живот, а по викендот единствено ти немаш ништо интересно да споделиш.

Ти звучи ли ова познато? Ние се сетивме како може да го промениш овој статус во друштвото.

Еве неколку едноставни совети кои треба да ги имате на ум.

Активирај се!

Мораш малку повеќе да се ангажираш за да го зголемиш својот круг на пријатели и да станеш атрактивен/на. Ако седиш тажно пред компјутер или телевизор се „саботираш“ сам, на тој начин никој нема да запознаеш!

Во формирање нови пријатели може да ти помогнат работите кои сакаш да ги правиш во слободното време. На пример зачлени се во некој клуб за пливање, оди на фитнес, џогирај, запиши курс за некој јазик и сл.

Плус имајте го на ум и искуството на Мила Кунис која раскажува: „Како дете бев многу повлечена па моите родители сметаа дека актерството ќе ми помогне. Бев воодушевена, тоа ми помогна многу“.

Иницирај разговор

Ок, јасно ни е дека не секогаш е лесно прв да започнеш разговор, но со малку самодоверба преминете преку срамежливоста. Сите го имаат истиот страв дека ќе се избламираат или ќе лупнат некоја глупост.

Никој не очекува да кажете нешто премногу смешно или генијално, доволно е да поставите некое интересно прашање поврзано со некој нов филм, бенд, серија, музика и сл. Секогаш биди расположен за комплимент плус и убав збор, на тој начин ќе ја воодушевиш околината.

Невербална комуникација

Положбата на телото секогаш мора да е пријателска. Не заборавајте ја насмевката, а рацете нека не ви бидат скрстени. Намуртеното лице и ставот „сите ми одат на живци“, нека стане минато!

Како и за се друго во животот, и за пријателите треба да се потрудите да бидете помалку арогантни и пристапувајте со насмевка!

Биди она што си

Никогаш немојте да глумите нешто што не сте само да ве прифати околината. Да, знаеме дека оваа фраза звучи „излитено“, но поголем број од луѓето се однесуваат на овој начин.

Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да мислат дека сте симпатични, но неможе на сите да им се допаѓате. Најлошото што може да го направите е да се повлечете во себе. Поради тоа само храбро, со насмевка на лицето и позитивни мисли.